Вилијам Колдвел бил уапсен во средата навечер бидејќи во шопинг центарот во Атланта му се заканил на Дедо Мраз со експлозив. Стоел во редот со децата кои се фотографирале со Дедо Мраз. Кога стигнал на ред два пати му рекол дека во торбата носи динамит.
Преплашениот Дедо Мраз веднаш повикал обезбедување кое ја евакуирало целата зграда, го врзале криминалецот и повикале специјална полиција. Сепак експлозив не би пронајден. Колдвел сега е во притвор со обвинение за терористичка закана.