Еден човек од сојузната американска држава Вашингтон изјавил дека ја оставил влезната врата отворена за своите мачки, а не го очекувал рисот од 17 килограми кој влегол во неговата куќа. Рекол дека ја гледал големата мачка како скока на неговиот кревет, се качува на телевизорот, а на крајот се сместила на таванот.


Претставник на организацијата за диви животни рекол дека рисот на таванот се чувствувал сигурно. Објавиле дека не е повреден и го вратиле во шумата, десетина километри од куќата каде се вселил.