Вчера во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид,  бил  донесен К.А.(24) од с.Велешта-струшко, со повреда во пределот на десното колено, нанесена од огнено оружје.

Од извршениот разговор со К.А. е дознаено дека на 28.06.2009 година, околу 02,00 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид,  се сретнал со М.М.(26) од с.Горно Татеши-струшко кој со пукање од огнено оружје  му нанел повреда во десното колено. По наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на М.М., каде се пронајдени автоматска пушка, три рамки,  255 парчиња муниција кал.7,62 за истата, еден нож и секирче. К.А. е задржан за понатамошно лекување, а се преземаат мерки за пронаоѓање на М.М. и целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

Ohridnews