Еден Кинез минувајќи на еден мост видел човек кој сакал да се самоубие и го турнал од мостот. Рекол дека самоубијците се многу себични. Најпрвин на полицијата и се понудил да му помогне на човекот, односно да преговара со него да не се убива. Кога бил одбиен се пробил и го турнал човекот.


Човекот го преживеал падот, но ги повредил ’рбетот и колковите бидејќи паднал на половично надуена воздушна перница која полицијата ја поставила под мостот. Сакал да се самоубие бидејќи имал долг од околу 300 илјади долари.