Сопственикот на минијатурен стан во Париз, од само 1,56 метри квадратни, и агенцијата преку која бил изнајмуван, ќе мораат да му платат на станарот кој живеел во него 15 години оштета од 10 илјади евра. Сопственикот и агенцијата исто така се осудени да му платат на станарот 1000 евра поради нансеување на „морални страдања“ како и 816 на име трошоци за неговото селење. Станот на поткровје, кон нема ниту туш ниту тоалет, единствено едно мало лавабо, изнајмуван бил по цена од 300 евра месечно. Станарот во таа собичка минал 15 години.

Неговиот адвокат вели дека пресудата се на се е задоволувачка. Тој навел дека истата јасно ги предупредува како експлоатираните станари, така и станодавачите кои изнајмуваат простории недостојни за живот, искористувајќи ја човечката беда. Според францускиот закон, секоја стамбена единица мора да има барем девет квадратни метри животен простор и висина на платформата од најмалку 2,2 метри. Едно истражување покажува дека повеќе од 177 илјади станови во приватна сопственост на пошироката територија на Париз не ги сиполнуваат минималните услови за станување.