Пензионерот Ентони Гаскел, за кој се мислело дека поставил рекордно време на лондонскиот маратон за пензионери, ја изгубил титулата бидејќи ја скратил патеката за 16 километри. Поминал низ целта за само три часа и пет минути. Официјалните лица се запрашале како е можно непознат тркач да постигне таков резултат.
Организаторите дошле до одговор анализирајќи ја втората половина на трката. Последните 20 километри ги поминал за еден час, што не може ниту светскиот рекордер Хаиле Гебресиласие. Откриле дека ја скратил патеката, за што човекот тврдел дека го сторил ненамерно.