Пред 51 година Артур Лампит од американската сојузна држава Илиноис со автомобил удрил во камион. Минатата седмица од раката му била извадена шипка од трепкачот која таму била сите овие изминати години. На артур во несреќата му бил повреден колкот, поради што лекарите многу малку се занимавале со неговата рака.
Пред десетина година таа шипка активирала детектор за метал во судница, а рендгенот покажал што Артур носи во својата рака, но бидејќи не чувстувал никакви болки, не обраќал многу внимание. Пред неколку седмици подигнал тежот товар и по прв пат во 51 години почуствувал болка поради залутаниот дел од автомобилот во неговата рака па се подлегнал на операција.