Еден американец бил повеќе од изненаден кога му бил вратен паричникот украден пред 60 години. Паричникот на Хенри Лиланд го пронашол Џери Буш, кога пред четири години поставувал електрична инсталација во една куќа во Охајо.


Лиланд, која денес има 81 година рекол дека паричникот му бил украден во далечната 1949-та година, кога допатувал на одмор во Охајо. Буш кога го пронашол паричникот веднаш се обидел да стапи во контакт со сопственикот, но не успеал. Неговата сопруга се обидела повторно на интернет, каде го пронашла Лиланд кој живее на Флорида.