Пол и Вал Хокинс од Ковентри, Велика Британија, ја украсиле куќата со знаменца и нарачале торта за да го обележат педесеттиот роденден на нивниот омилен апарат за домаќинство. Фрижидерот, кој го купиле за 65 фунти во август 1959 година сеуште совршено работи. Во тоа време повеќето луѓе немале фрижидери, а нивната кујна била на јужната страна и намирниците многу брзо се топлеле така да морале да го купат.
Том, инжинер во пензија отишол да го замени термостатот кој им се расипал пред триесеттина години. Производителот му рекол дека таа компанија повеќе не произведува фрижидери. Тие сепак успеале да набават нов термостат и одтогаш фрижидерот работи како нов.