Австралискиот лекар Роб Карсон искористил дупчалка за да направи дупка во черепот на момчето и така му го спасил животот. 13-годишниот Николас Роси паднал од велосипед здобивајќи се со тешки повреди на главата. Лекарот заклучил дека момчето има потенцијално фатално крварење во мозокот а имал само неколку минути да го запре.


Бидејќи малата болница не поседувала дупчалка која служи за медицински повреди, лекарот алат позајмил од болничкиот домар. Им пришол на родителите и им рекол дека мора да го продупчи черепот на Николас за да го намали притисокот. После операцијата момчето е префрлено во болница во Мелбурн.