Жител во колективна зграда на ул. „Мирче Ацев“ револтиран што по којзнае кој пат камион кој разнесува стока во околните продавници му го оштетил балконот и побегнал од местото на настанот, иницирал затворање на улицата.
Улицата е блокирана со неколку метални столпчиња кои ги збунуваат возачите кои сега мораат да кружат наоколу за да стигнат до саканата дестинација.