Професорот по хемија Скот Бур од универзитетот во Минесота една седмица бил на годишен одмор, а откако се вратил го затекнал својот габинет целиот обвиткан со алуминиумска фолија.
Студентите целиот кабинет, па дури и пенкалата, му ги обвиткале со фолија. Професорот истакнал дека украсувањето на неговиот кабинет е веќе традиционално, а тоа е показател за неговиот добар однос со студентите. Признал дека оваа година студентите се надминале севеси, виткајќи го секој најмал предмет од неговиот кабинет.