Мишел Пиер веројатно ни во најлудите сништа не можел да замисли дека еден ден ќе му експлодира тоалетна школа и сериозно ќе го повреди. Имено, откако пуштил вода, школката едноставно експлодирала, а Пиер кој има 58 години останал во несвест. Парчињата порцелан кои летнале кон несреќниот човек му ги повредиле лицето, рацете и нозете, поради што лекарите морале да го шијат. Заработил дури 30 копци. Неговиот адвокат Санфорд Рубенштајн рекол дека очигледно постои некој сериозен проблем во зградата бидејќи не било нормално кога ќе пуштите вода тоалетната школка да експлодира.

Имено, освен кај него, тој ден во зградата експлодирале уште три тоалетни школки. водата во целата зграда била исклучена, а кога повторно ја вклучиле и кога станарите пуштиле вода, школките експлодирале. По сето тоа, Пиер кога пушта вода по извршената нужда се крие зад вратата од страв повторно да не му се случи истата работа. Барал парична компензација од управникот на зградата.