На еден 15-годишен ученик во Шведска, на среде час му експлодирал мобилниот телефон во рака. Матс Камотре за време на наставата ја извадил батеријата од мобилниот, при што се слушнал сиен звук. Неколку секунди подоцна мобилниот експлодирал, но за среќа, Матс го фрлил мобилниот пред експлозијата.

Телефонот се запалил, а густ чад ја исполнил училницата и сите ученици биле евакуирани.


15-годишникот вели дека не е сигурен што се случило, но е уверен оти ништо грешно не направил. Станува збор за  телефон „Сони Ериксон“, кој бил стар една и пол година, а батеријата била оригинална, вели ученикот.

Производителот „Сони Ериксон ќе го испита телефонот. Велат дека сигурно се работи за надворешно оштетување или употреба на неавторизирани производи како батерија или полнач.