Германската полиција му дозволила на вработениот во рускиот циркус да ги прошета тигрите, но под услов претходно за тоа да ги извести властите. Човекот предизвикал паника во местото Рејсбург на северот на Германија откако една жена ја известила полицијата дека забележала човек кој шета со тигар. Човекот бил вработен во циркусот и бил задолжен за три возрасни тигри и едно младенче.


Тигрите биле сместени во специјална приколка во одвоени кафези. На вработениот во циркусот му била одобрена и привремена дозвола за сместување на тигрите во приколката. Во соопштението било наведено дека поради различните мислења на мештаните, вработениот пред да оди на прошетка со тигрите мора претходно да ги извести локалните власти.