На излезот од еден ресторан на Менхетн, Мери Харис била запрена од еден бездомник кој и побарал пари за вода. Таа немала готовина, само Американ Експрес платинеста картичка. Ја запрашал дали може да ја позајми. И изгледал поштен и му рекла дека може. Ја запрашал и дали освен вода може да си купи и цигари, а таа му дозволила. Тој заминал со нејзината картичка, а пријателите ја зезале дека е луда и дека никогаш повеќе нема да ја види картичката.


И самата помислила дека можеби погрешила, но човекот се вратил по 15 минути. Му рекла дека и е драго што се вратил, а тој и рекол дека е чесен човек. Подоцна се јавила во банка за да провери што купи. Токму како што рекол купил само шише вода и една кутија цигари.