Претставници на Македонската Радио телевизија ја посетија спортска сала “Билјанини Извори“ со цел да ги извршат завршните подготовки за претстојното ЕП во ракомет кое од 2 до 14 декември ке се игра во Охрид и Скопје.

На средбата која траеше нешто повеќе од два часа одговорните лица во МТВ беа запознаени со можностие на салата за реализација на преносите од евро самитот.


Средбата со претставниицте на МТВ беше да се види до каде сме со исполнувањето на барањата на ЕХФ и агенцијата која ги има правата за преносот на натпреварите. Договорени се и наредните чекори и очекувам по интензивна соработка во претстојниот период – вели Иван Цветкоски в.д директорот на ЈП БИлјанини Извори.


Швајцарската агенција “Инфронт“ ги има тв – правата за преносите на ракометните натпревари. Нивните претставници беа на два пати во Охрид на лице место да се уверат во можностите на охридската сала.

М.П.