Натпреварот поради барањето на МТВ беше поместен половина час порано од стандардниот термин во кој игра Амак како домаќин 18.00. Изговорот од националниот сервис бил дека немале екипа да пратат да го реализира преносот од Охрид.
Ова не е прв пат натпревар на Амак СП кој претходно бил договорен да се емитуда да не биде пренесуван. Последниот пат гостувањето на Амак СП во Скопје против МЗТ не само што беше емитувано во снимка по полноќ него и истата беше прекината во третиот период.