Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски викендов учествуваат на два меѓународни натпревари „Бугарија Опен 2023″ и „Корча Опен 2023″.
Меѓународниот таеквондо ИТФ А класа натпревар „Бугарија Опен 2023″ во Пловдив, Бугарија, е најјак натпревар во регионов на кој имаат пријавено учество над 700 натпреварувачи, вели Лазаревски.
На овој престижен натпревар нашата Христијана Парулеска, која поради повреда сеуште не натпреварува, ја има честа да ја дели правдата, поканета од страна на Бугарската ИТФ. Одиме со вкупно 5 натпреварувачи, од кои 4 натпреварувачи од Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид и 1 натпреварувач од Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево Струга, информира Лазаревски.
Додава дека на „Корча Опен 2023″ утре под водство на националниот селектор Саша Поповски учество ќе земат 27 натпреварувачи од сите клубови, а воедно правдата ќе ја делат и двајца судии Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска.
Се надевам дека нашите натпреварувачи, иако истрошени, претходно учествувајќи на три силни натпревари, ќе дадат се од себе и ќе не израдуваат со успех со кој ќе се гордееме сите, додава Лазаревски.
Упатува благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Агенција за млади и спорт.
OhridNews