Викендов во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии каде учество зедоа членови од сите клубови на федерацијата.

Одзивот беше повеќе од очекуваното, а спортската сала беше преполна што говори дека имаме лојални членови кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси. Можеме да се пофалиме како Федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 од нив се Б класа. Исто така, имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии, меѓунив, Давид Велковски, кој ќе биде судија на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија, од 28.04 – 04.05.2025 година, вели претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски, кој искажува благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерство за спорт и Општина Охрид.

Давид Велковски е долгогодишен репрезентативец и лиценциран судија во склоп на М.Т.Т.Ф , кој редовно суди на меѓународна натпревари.

Досега и како натпрварувач и како судија Давид Велковски е докажан како на државен, така и на меѓународен план. Најголем спортски успех му е до ¼ финале на светското првенство во Пловдив, Бугарија, каде за жал во борбата за медал, беше немоќен против судиите. Поради неговото искуство сега тој има прилика да ја надмине пристрасноста и да покаже дека е квалитетен судија. Доколку успее, а не се ни сомневаме во тоа, може во иднина редовно да биде избран за судија од страна на Е.И.Т.Ф, посочува Лазаревски.

Инаку, М.Т.Т.Ф ќе учествува на Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2025“, кој ќе се одржи од 22-23 февруари, а на 15 март ќе се одржи Државното првенство во С.Р.Ц. „Билјанини Извори“.

OhridNews