Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2023 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, започнувајќи од денеска, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од МТСП потсетуваат дека со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето.
OhridNews