Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец 04/2020 година:

  • Гарантиран детски додаток
  • Детски додаток
  • Посебен додаток за месец 05/2020
  • ЕПП за новороденче
  • Родителски додаток за трето дете
  • Родителски додаток за четврто дете
  • Единствен родителски додаток
  • Образовен додаток – Студирање
  • Гарантирана минимална помош ГМП
  • Туѓа негаПостојана парична помош
  • Еднократна парична помош
  • Мобилност и слепило
  • Цивилна инвалиднина
  • Социјално домување
  • Социјална сигурност- социјална пензија
  • Азиланти домување
  • Парична помош за згрижувач
  • Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата на правата на парична помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките се врши етапно, по дефиниран редослед по азбучен ред, според почетната буква од презимето и тоа:

  • 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)
  • 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)
  • 06.05.2020 (среда) исплата за  Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)
  • 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19. Корисниците на права од социјална и детска заштита кои користат платежни картички  поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, паричните средства можат да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.