Младински Совет Охрид како членка на Коалицијата на младински организации ,,СЕГА,, и регионална канцеларија го имплементира проектот „Имплементација на конвенцијата за правата на детето во Македонија“. Проектот е финансиран од “Pestalozzi Children’s Foundation“ и Коалиција СЕГА.
   
Целта на проектот е да се создаде објективна слика за имплеентација на Конвенцијата во областите партиципација, образование, легислативна/правна рамка и слобода на изразување на децата, а врз основа на аналзите од државниот извештај наспроти препораките донесени од страна на Комитетот на Обединетите Нации за Правата на детето. Крајниот резултат на проектот е подготовка на Алтернативен извештај за Правата на Децата на ОН, во Женева во 20010 година.
   
Главните активности вклучуваат креирање на подлога за соработка со други НВО со слични иницијативи, спроведување на истражувања и анализа на прбраните податоци во алтернативен извештај.
   
Во изминатиот период се спроведе истражување во 14 градови во Република Македонија, меѓу кои Младински Совет Охрид како регионална канцеларија на коалиција СЕГА, спроведе анкетирање и мапирање во Охрид, Струга и Ресен.
   
Процесот на истражување вклучи анкетирањето со кое беа опфатени деца од 10 до 18 годишна возраст, мапирање на локални институции вклучени во решавање на проблемите на децата, истражување кое се однесува на законската легислатива и другите државни документи за имплементација на конвенцијата за правата на децата, како и спроведување на другите државни документи.
  
Во периодов што следи ќе се спроведе истражвање и преку фокус групи со родители и деца. Неодите од истражувачките процеси ќе бидат сумирани во алтернативниот извештај.

Ohridnews