Викендов во спортската арена “Билјанини Извори“ под мотото  “Спорт за сите – здравје за сите ” Младинскиот совет на Охрид организираше турнир во одбојка.


На турнирот кој мина во координација на проф Катерина Стојаноски од “Младински“ и одбојкарска школа “Охрид“ предводена од проф Валентина Караѓуле, се натпреваруваа 60 учесници поделени во пет екипи.


Најдобра беше екипата на “О.У.Братство Единство – Крстџамија“ која во финалето ја победи екипата на “Одбојкараска Школа“ со 2-0. Третопласирана заврши “О.У.Братство Единство – Лескајца“ откако во малото финале го победи  “О.У.Св.Климент Охридски“ со 2-0.


Комплетни резултати:
Прв натпревар: “О.У.Св.Климент Охридски“ – “О.У.Братство Единство- Крсџамија“ 0:2
Втор натпревар: “О.У.Живко Чинго“ – “Одбојкараска Школа“ 0:2

Трет натпревар :  “ О.У.Братство Единство – Крстџамија“ – “О.У.Братство Единство-Лескајца“ 2:1


За сите натпреварувачи МСО во соработка со Ј.П.Билјанини Извори , “Свислион“ и “Добра вода“ обезбеди пригодни поклони и награди.

М.П.