Младинскиот совет на Охрид го подготвува  Локалниот  акционен младински план. За таа цел утре и задутре во Охрид ќе се одржи Првиот форум на кој ќе се расправа за проблемите и приоритетите на младите и начините како да им се обезбеди подобар живот.

Во текот на изминатиот месец Младинскиот совет спроведе истражување кај младата популација. Според претседателот, Димче Каневче, се работи според Националната стратегија на младите во која се дефинирани осум приоритети: образование, вработување, здравство и образование, младинска работа, младинско учество, информирање, култура и квалитет на живеење.

      А. Котушеска