Кошаркарскиот натпревар од Првата женска кошаркарска лига меѓу Колибри и Бадел К е одложен поради студентските игри (МСИ) кои викендов ќе се одржат во Охрид. Датумот и терминот за одигрување на мечот ќе бидат дополнително одредени.


–  Од ЈП “Билјани Извори“ не информираа дека викендов нема слободни термини за нас, по што бевме приморани на ваков непопуларен потег – велат од “Колибри“.


 Охриѓанки се меѓу четирите екипи кои се во борба за двете преостанати места во разигрувањето за титулата.  Мини табелата ја предводи Бадел со 25 бода, следуваат Младинец и Трокал со 24, додека Колбри има 23бода, но и еден натпревар помалку.

М.П.