Поштар во едно село на Сардинија бил толку мрзелив што повеќе не ја разнесувал поштата, туку пратките уредно ги складирал во својата гаража, собирајќи 400 килограми коверти, соопштила локалната полиција. Полицаецот Џани ди Карло рекол дека жителите одамна се жалеле дека не добиваат важни документи. Навел дека отишле во куќата на поштарот и пронашле еден куп пратки.

Ди Карло рекол дека пратките, со вкупна тежина од 400 килограми, биле поделени во категории, некои испратени уште пред четири години. На поштарот Морес кој има 50 години му се заканувала затворска казна поради кражба на поштата. Локалниот угостител рекол дека делувал како добар човек, но сакал да излегува до доцна во ноќта и да испе некоја чашка повеќе. Можеби поради тоа бил толку мрзелив.