Еден Шваѓанин направил мртовечки сандак со вградени звучници како мртвите би почивале не во мир, тику со избор на музика која нивните роднини и пријатели би можеле да ја менуваат по желба. Фредрик Хелмквист, сопственик на продавница за музичка и видео опрема, вели дека неговиот хај-фај ковчег има за цел да ги „забавува мртвите“ и да им дава утеха на ожалостените роднини и пријатели со тоа што за нив можат да избираат музика.

Фредрик, кој планира да биде погребан во еден од своите необични производи, во кој ќе се пуштаат само оперски арии, досега не продал ниту еден музички ковчег, иако, како што вели, имало доста заинтересирани, посебно во САД, Канада и Тајван. Можеби поради нивната цена која изнесува повеќе од 30 илјади долари.