Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по телата на патниците и остаоците на Ербасот на „Ер Франс“, кој пред една недела се урна во Атлантскиот Океан.  Вчера тие пронашле уште 15 тела на патници  со што вкупниот број на откриени тела изнесува 17.

Бразилските воени сили, информираа дека се пронајдени стотина делови од авионот што, како и телата ќе бидат пренесени во градот Ресиф. Во потрагата по остатоците од Ербасот се вклучени дванаесет бразилски авиони, два француски авиони и еден француски брод и пет на бразилската морнарица.

Ohridnews