Во Охрид се води мртва трка за градоначалник.  Двајцата кандидати постојано се менуваат во водство.

Според податоците на ОИШ на СДСМ, од 86,7% од преброените гласови, кандидатот на СДСМ, Александар Петрески има освоено 14 852 гласови, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче има освоено 14 507 гласови

Според податоците на ВМРО ДПМНЕ по преброени 26 227 гласа, нивниот кандидат, Кирил Трендафилов Нанче освоил 13 107 гласа, наспроти 13 120 гласа на Александар Петрески.

И покрај тоа што резултатите како и водството на кандидатите се менува наизменично од час во час, неофицијално во ОИШ на СДСМ веќе се слави, како што велат партиски извори, тесната победа на нивниот кандидат, Александар Петрески.

претходна вест:

Според податоците на ОИШ на СДСМ, од 79,8% од преброените гласови, кандидатот на СДСМ, Александар Петрески има освоено 13.478 гласови, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче има освоено 13.126 гласови

Според податоците на ВМРО ДПМНЕ по преброени 22.402 гласа во предност е нивниот кандидат, Кирил Трендафилов Нанче со освоени 11.304 гласа, наспроти 11.098 гласа на Александар Петрески

претходна вест:

Според податоците на ОИШ на СДСМ, од 58,4% од преброените гласови, кандидатот на СДСМ, Александар Петрески има освоено 9883 гласови, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов Нанче има освоено 9772 гласови

претходна вест:

ОИШ на СДСМ пред малку излезе со податоци од преброени гласови во 33% од избирачките места. Според СДСМ, нивниот кандидат, Александар Петрески има освоено 6028 гласа, додека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче има освоено 5915 гласа.

претходна вест:

ОИШ на ВМРО ДПМНЕ пред малку ги соопшти неофицијалните резултати од 24 избирачки места со околу 7000 гласови. Според портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секулоски, Кирил Трендафилов – Нанче има предност од околу 500 гласа.

И СДСМ излезе со неофицијални резултати од преброени гласови во  23% од избирачките места. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ има освоено 4078 гласови, а кандидатот на СДСМ 3750 гласа.

Ohridnews