Австралиецот Хедајн Пирс планира една мртовечница во Тасманија, во која некогаш се извршувале обдукции и се одлагале телата на психијатриски пациенти, да ја реновира во хотел. Мртовечницата била напуштена пред десетина години кога била затворена психијатриската болница на која и припаѓала.


Пирс пред неколку години го купил имотот со пет згради од колонијалното време кои служеле за сместување на ментално болните, како и мртовечницата, која била изградена во 1950 година, со намера да ги реновира и да им пронајде некоја атрактивна намена. Тој се надева дека хотелот ќе биде отворен на почетокот на 2013 година. Тој бил убеден дека ќе има многу гости преку целата година.