После тридневна неопислива смрдеа, станарите од висококатница во центарот на Прокупље, место во јужна Србија,  во отворот за вентилација пронашле мртов коњ.

Никому не му е познато како лешот доспеал во тесниот отвор за вентилација во дванаесеткатницата. Смрдеата почнала да се чувствува во средата, а во петокот за тоа станарите ја известиле полицијата.


Во непосредна близина на висококатницата има зелен пазар, а смрдеата силно се чувствувала и околу зградата во чија близина е седиштето на локалната телевизија „Топ 3“, чија директорка повикала општинска инспекција од која барала да направи нешто. Станарите од зградата се огорчени што мртвиот коњ е сеуште во вентилацијата иако е откриен уште пред два дена.