Екипите на Борусија Дортмунд и Лајпциг ги поделија бодовите ремизирајќи 3-3 (2-0) во дерби средбата од 16-та рунда во германската Бундес лига.

„Милионерите“ во текот на натпреварот констатно имаа водство, но гостите наоѓаа начин да се вратат во игра и на крајот да освојат бод.

Домашните фудбалери после 45 минути игра водеа со 2-0. Жулијан Вегл и Жулијан Бранд погодија за Борусија Дортмунд. Во воведните десети од минути од второто полувреме Лајпциг со два погодоци на Тимо Вернер стигна до 2-2. Жадон Санчо ја врати предноста на домаќините забивајќи погодок за 3-2, а конечните 3-3 ги постави Патрик Шик.

Во останатите мечеви од денешната програма Мајнц со 5-0 го совлада Вердер Бремен, Хофенхајм со 2-0 славеше против Унион Берлин, а Аугзбург со 3-0 го преслуша тимот на Фортуна Дизелдорг.

OhridNews