Без победник и без голови заврши натпреварот на “Билјани Извори“ одигран помежу екипите на Работнички и Фљамуртари.

Освојувачот на македонскиот куп кој во Охрид се подготвува за настапите во Лига Европа имаше повеќе од играта и ги имаше најдобрите прилики но напаѓачкиот двоец Савиќ – Вандаир не реализираше две стонастони шанси за гол.

“Романтичарите“ остануваат во Охрид до вторник, а во план се одиграат уште еден натпревар и тоа против Тирана во понеделник.

М.П.