Од март започнуваат повторно работилниците во рамки на Мрежата за искуствено учење во Националниот парк Галичица.
Мрежата за искуствено учење е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во РСМ, велат од НП Галичица.
Оваа година Мрежата за искуствено учење ги проширува аспектите со компонентата загадување, пред се на воздухот и како истото влијае на развојот и опстанокот на живиот свет и човекот. Опфатени се работилница „Млади истражувачи“; работилница „Млади ренџери“; работилница „Еко-амбасадори“ и работилница „Квалитет на воздух”, појансуваат.
Сите заинтересирани лица можат да резервираат термин на официјалната страна на Мрежата за искуствено учење https://miu.mk/ и да го посетат Националниот парк Галичица. За сите подетални информации лицата може да се обратат кај Ангела Тасеска, лице за еколошка едукација, [email protected].
Потсетуваат дека и оваа година Мрежата за искуствено учење ги покрива патните трошоци на училиштето.
OhridNews