Вештачките мрестилишта се еден од начините да се спаси охридската пастрмка во водите на езерото која е на работ на исчезнувањето.

Во Хидробиолошкиот институт од Охрид очекуваат новото вештачко мрестилиште  да биде опремено до крајот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка.

Објектот е изграден и затворен, со што е завршена првата фаза од проектот. Таму ги очекуваат и инкубаторите за рибниот подмладок. 


„Со пуштањето во употреба на новото мрестилиште  многу ќе се олесни работата, а ефектите од собирањето на рибниот подмладок ќе бидат многу поголеми“, вели директорот на оваа јавна научна установа, Гоце Костоски.

Костоски се надева дека дека ова мрестилиште ќе биде репер за останатите во Македонија.

Проектот за поставување инсталација за вештачкиот мрест на пастрмката е донација од кралството Норвешка.

Експертите велат дека со ваквите мрестилишта даваат надеж за опстанокот на пастрмката, но сегашната состојба со овој вид риба ја оценуваат како крајно неповолна.

Ohridnews