Мештаните на едно сeло близу Чачак, Србија се изненадиле кога од ведро небо паднало парче мраз тешко 15 килограми. Крупниот мразулец со неправилен облик паднал на ливадата на смејството Масиќ. Жената вели дека слушнала необично свирење во воздухот, а потоа и силен тресок.


Насобраните селани внимателно ја разгледувале грутката, но не можеле да објаснат од каде стигнала на земјата. Сите изјавиле дека не виделе ништо слично во животот. Се претпоставува дека мразот паднал од некој авион кој летал во тој воздушен простор.