Два мравојади морале да бидат евакуирани од големата зоолошка градина во Банкгог за да се одморат од бучавата што била предизвикана од политички немири.

„Овој вид животни е многу чувствителен на бучава. Мажјакот и женката од нашата зоолошка градина во последните неколку дена беа изложени на бучава поради политичките насилства кои започнаа на 7 октомври.“


Полицијата на неколку илјади демонстранти фрлила солзавец, а немирите траеле предолго за овие жители на зоолошката градина. Имено,  градината се наоѓа во непосредна близина на зградата на парламентот каде се одвиваа немирите“, објаснил директорот на зоолошката.

Парот мравојади во  текот на наредните три месеци ќе престојува во зоолошката градина во покраината Чонбури, каде треба да се одморат од стресот доживеан во домицилната зоолошка градина