Однесувањето на мравите се менува пред настанувањето на земјотреси поголеми од два степени според Рихтеровата скала, а се враќаан на своите навики дури еден ден по земјотресот, покажало германско истражување кое било извршено на црвени мрави. Научниците дошле до тој заклучок посматрајќи го однесувањето на 15 илјади колонии мрави кои се наоѓаат на сеизмички активни подрачја.

Тие откриле дека мравите дента пред земјотресот ги извршуваат своите секојдневни активности, но дека кога ќе падне ноќ не се враќаат во мравјалникот, да не би биле затрупани со земја. Според истражувачите, црвените мрави така реагирале бидејќи имале хемиски рецептори за јаглендиоксид и магнетни рецептори за електромагнетни полиња, така да ги регистрирале промените во емитирањето гас или магнетното поле на земјата.