Смалувањето на денот, правопропорционално ги зголеми натрупаните проблеми на охридскиот боксерски клуб. Покрај застареноста на просторот кој охриѓани го користат за тренинг камп, стариот магацин во подножјето на Галичица, кој на користење го добиле во средина на минатиот век од МВР, во  клубот имаат дополнителни проблеми со неможноста да се подмири долгот кон ЕВН , поради кој е исклучена струјата во објектот.


 – Долгот кон ЕВН, изнесува околу 20 илјади денари, проблемот го пријавивме уште пред неколку месеци во локалната самоуправа но до ден денес никој ниту не посетил ниту пак долгот е подмирен – вели  Алексо Огненоски, тренерот на БК Охрид.

Боксерите под палката на Огненоски работатат во услови како од минатото. Воениот магацин го прилагодиле за своите потреби но тој сега е без струја, нема соблекувални, нема тушеви, подот е бетонски, а згора на тоа и користењето на струјата е индустриска. – Шест месеци работиме без електрична енергија, тренингот го прилагодуваме според временските прилики, што дополнително го зголемува нашиот проблем бидејќи дел од нашите боксери се или ученици или работат па неможе во целост да одговорат на потребите за тренингот – вели тој.


Таквите услови ниту од далеку не им обезбедуваат на боксерите дополнително да напреднат, а неколкуте кои беа државни прваци и освојувачи на медали , воопшто не се подготуваа и го пропуштија светскиот куп во Москва. Лошата инфраструктура и абнормалните услови не успеваат да привлечат нови членови со што би се подмладил клубот.-  Не се предаваме, се обидуваме тоа што го знаеме да го покажеме и да им го пренесеме на помладите. Се носиме со идеа во Охрид за време на летото да организираме Илинденски турнир со учество на најдобрите боксери од македонија и странство. Тоа многу пати им сме го кажале и на факторите, но од едно влегло од друго излегло – коментира Алеско.


Клубот е основан во далечната 1976 година, под името Партизан, а условите тогаш и овие сега на жалост не се многу различни. Тогаш се тренирало било каде, во сала, на улица, боксерските вреќи се разнесувале летно време на полигон додека на зима во некоја училишна сала, каде се задржувале месец, два. – На жалост ова генерација која тренира ги има можеби најлошите услови за работа во сите изминати години – потенцираше Огненовски.


Од БК Охрид посакуваат еден ден во Охрид, да се организира натпревар со сите охридски боксери, и да се направи една децениска средба со што би се одбележале годините како и традицијата која оставила печат на  новото време.

М.П.