„Македонската православна црква – МПЦ најжестоко ќе реагира на секој обид на државната власт за промена на името бидејќи тоа нема да го прифати само МПЦ, туку и македонскиот народ затоа што тоа е обезличување кое што никој нема право да го направи“ изјави  во Охрид портпаролот на Македонската православна црква Митрополитот Дебарско-кичевски Господин Тимотеј.

Македонскиот народ има свое име-македонското име, своја држава која се вика Република Македонија и нема никакви причини за отстапување или прифаќање на некакви асоцијации кои ќе не направат безимени – рече владиката Тимотеј.

 

ohridnews