Дебарско – кичевската епархија реагира на  начинот на кој се спроведува денационализацијата на имотите кои, како што тврдат оттаму, и припаѓаат на Македонската православна црква. Според митрополитот Тимотеј, се работи за исклучително вредни имоти и доколку и бидат вратени на црквата значително ќе се подобри нејзината економска положба.

– На Дебарско – кичевската епархија до сега и е вратен само  50% од имотот, во главно помалку вредно земјиште. Се уште нема решение за враќање на 2770 хектари шума и плодно земјиште кај манастирот  Св. Наум Охридски,  голем и вреден имот и кој и дава можност на МПЦ економски да јакне. Вреден имот МПЦ има и кај манастирот Сисвети во Дебрца и кај Св. Спас во Горно Лакочереј кој располага со над 500 хектари шума и плодна земја. Во Охрид очекуваме да ни се врати зградата на старото школо Св. Климент и вредниот имот околу тој простор. Сето тоа се уште е предмет на денационализација, истакна митрополитот Дебарско – кичевски, г. Тимотеј.

OhridNews