“Македонската православна црква (МПЦ), не знае што имало и што однеле крадците  од црквата Свети Димитрија во Октиси, но како институција сме зинтересирани културното, црковното и националното богатство што е над и под земја да биде сочувано, или евентуално доколку се открие, да се наоѓа во институции кои се задолжени за чување на културното благо на македонскиот народ и црквата“,  ни изјави владиката Дебарско – кичевски, г. г. Тимотеј.

„Живееме во секуларизирано време во кое се` повеќе отсуствува вистинското почитување на моралните и вредности и трагачите по богатство посегнуваат не само по сакралните објекти туку и врз другото богатство ширум Македонија“, вели г.Тимотеј. МПЦ нема информации за скриено богатство во нејзините објекти, ниту пак за  сомнителни движења на трагачите по богатство.  Дали дивите копачи нашле нешто во црквата во Октиси неблагодарно е да се каже, вели г. Тимотеј кој очекува надлежните органи да го расчистат случајот .


Влезот на ограбената црква „Св. Димитрија“

Не е прв пат да се посегнува по  објектите на МПЦ, вели владиката Тимотеј кој не`информираше дека Дебарско кичевската епархија во обид да ги спречи таквите појави инсталирала алармни системи во позначајните цркви. Сепак и тоа не значи дека ќе бидат спречени крадците, вели владиката Тимотеј кој очекува поголема ефикасност од надлежните органи, кои како што рече, многу малку прават  за заштитата, но и за враќање на украденото културно богатство.

Горан Момироски
фото: С. Костоски