Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој денеска престојува во Охрид на одбележување на верскиот празник Благоец, се осврна на неодамна завршените избори во Македонија.

Архиепископот Стефан рече дека овие избори го трасираат патот за конечното приклучување на Македонија во меѓународните институции и ЕУ и поради тоа упати порака, како што истакна, „повеќе да се истакнуваме со делата што ги правиме, отколку со зборовите, кои вообичаено се навредливи едни кон други“.

Само луѓе недоволно исполнети со вечната радост можат да упатуваат навредливи зборови кон другите. И евангелски и христијански е да го говориме за другите она што сакаме за нас да го говорат, нагласи Архиепископот Стефан.

Поглаварот на МПЦ од Охрид упати честитки на на новоизбраниот  претседател а Република Македонија, градоначалниците и до идните членови на општинските совети.

Во врска со инцидентот што се случи за време на студентските протести против најавената изградба на повеќе спомен обележја и црква во центарот на Скопје, г.г. Стефан Рече дека МПЦ не е вмешана во инцидентот. Тој објасни дека пред неколку години МПЦ побарала од тие што го урнале храмот посветен на Свети Константин и Елена на влезот од сегашниот трговски центар во Скопје, да го изградат повторно на место што ќе го определат.

Ohridnews