Поглаварот на Македонската православна врква Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, упати апел до верниците за сплотеност и достоинствено однесување на погребите на жртвите од големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 59 лица. Тие ќе бидат погребани денеска, а погребната церемонија во Кочани од каде се најголемиот број од жртвите, ќе ја предводи Архиепископот Стефан.

Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување.

Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија ̶ да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме, апелира Архиепископот Охридски Македонски г.г. Стефан.

Г.М.