Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), упати апел до верниците да ги почитуваат мерките пропишани од страна на надлежното ресорно министерство за здравство како и на Светската здравствена организација.

Aпелираме во парохиските храмови и во манастирите на МПЦ – ОА во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената. Повикуваме на сострадална љубов и изразување добродетелност на сите оние кои ќе се најдат во борба со оваа болест, најпрво молитвено застапувајќи се пред Бога за нивното здравје и покажувајќи секаква друга можна грижа. – стои во соопштението на МПЦ.

OhridNews