Мозочниот удар се уште претставува причина број еден за инвалидитет и трета причина за смрт во нашата земја и во светот. Во Охрид во 2014 година биле евиднетирани 268 лица односно 126 мажи и 142 жени кои боледувале од мозочен удар, а од нив 13 лица биле на возраст под 55 години. Овие податоци ги соопштуваат стручните медицински лица од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид кои во соработка со Здружението на невролози на Македонија ќе го одбележат 29-ти октомври-Денот за броба против мозочен удар.
Според најавите, во рамки на одбележувањето ќе бидат организирани бесплатни превентивни прегледи во Охрид, Тетово и Скопје.
-Превентивни прегледи се најдобар начин за рано откривање на ризик факторите и спречување на мозочниот удар и затоа ќе ја информираме јавноста за ризиците, ќе делиме информативен материја и ќе правиме анализа на ризикот кај нашето население и ќе ја утврдуваме запознаеноста на нашето население со мозочниот удар преку анкети. Нашата цел е да ги намалиме ризик факторите за мозочниот удар и со советување на населението да се намали бројот на мозочни удари. Според статистиката 65% од општта популација не знаат да препознаат мозочен удар, а дури половина од нив не би превзеле ништо, ниту пак би се обратиле кај доктор доколку забележат некои од ризичните симтоми. Многу е важно веднаш да се препозне мозочниот удар затоа што вистинската терапија се аплицира во правите три часа, велат лекарите кои се дел од Здружението „Мозочен удар“.
Тие објаснуваат дека симптомите на мозочен удар за кои веднаш треба да се побара лекарска помош се искривување на лицето, слабост на рака или на нога особено на едната страна, отрпнување на едната страна на телото, промени во говорот, незарбирлив говор, намалена можност за изразување, губиток за рамнотежа, нестабилен од, вртоглавици, повраќање и друго.
Најдобра превенција од мозочен удар е одржување стабилен крвен притисок и шеќер во крвта, примена на здрави животни навики, конзумирање на помала количина на масна храна и поголема количина на овошје и зеленчик, одвикнување од пушењето и конзумирањето на алкохол.
Инаку здружението „Мозочен Удар“ во текот на месец септември 2015 година со помош на охридскиот Црвен Крст организираше две големи акции на бесплатни прегледи во центарот на Охрид под мото„Колкав е васиот ризик?,“ Во рамки на акциите биле прегледани околу 150 посетителии бил поделен информативен материјал во однос на брзо препознавање, превенцијата, третман и рехабилитацијата на болеста.
OhridNews