Во рамки на проектот „Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро“, што го реализира ЕД „Грашница“, денеска ќе се одржи завршната конференција на тема: „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“. 

Предавачи на работилниците се проф. Д-р Ордан Чукалиев од Факултетот за земјоделски науки и храна, и Едуард Неделчиу, експерт од организацијата CEEweb for Biodiversity Унгарија.

На конференцијата ќе бидат донесени заклучоци и насоки за како да се постигне правилно и рационално управување со водата за наводнување во контекст на климатските промени и заштита на животната средина. Истите ќе бидат доставени до сите надлежни институции на локално со цел примена во пракса на предвидените предлог-мерки.

На конференцијата ќе присуствуваат земјоделци од општина Охрид и општина Дебарца, претставници од државни институции како и од општина Охрид и Дебарца.

OhridNews