Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија официјално ја пушти во употреба новата интернет страна за промоција на туризмот на Република Македонија – http://macedonia-timeless.com/macedonia.travel.

Оваа интернет платформа нуди можност и за промоција на приватниот туристички сектор.

-Податоците за Вашата компанија може да се објават со внесување на основните податоци за вашите услуги во Promote your service во делот на веб страната, а откако ќе бидат одобрени од аминистраторот на страната, истите ќе бидат веднаш објавени на истата, информираат од АППТ.

На мапата на оваа интернет страна чии содржини се на англиски јазик, освен туристичката понуда на Охрид се наоѓаат и турстичките потенцијали на останатите македонски градови и региони.

Исто така во рамки на веб содржините се поместени и низа информации за начинот на кој може да се организира патувањето во Македонија, за македонската храна, активностите во природа, атрактивните историски локалитети и слично.

OhridNews