Ј.П.”Охридски Комуналец”- Охрид ги потсетува сите правни и физички лица кои имаат заостанат долг за извршена комунална услуга подигање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, дека истиот можат да го подмират најдоцна до 30.09.2010 година.

Доколку заостанатиот долг тие  го измират во дадениот рок,  ќе бидат ослободени од уплата на законска затезна и казнена камата.

– Напоменуваме дека почнувајќи од 2003 година, Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид отпочна со редовно доставување на тужби до надлежните судови. За сите правни и физички лица кои до 30.09.2010 год. нема да го измират долгот , неговото наплатување ќе се спроведе преку овластените извршители при што трошоците за извршување ќе бидат на товар на правното, физичкото лице против кое е поднесено барањето за извршување.-информираат од „Комуналец“